Испечати

Полнети тиквички со мелено месо и бешамел

Полнети тиквички со мелено месо и бешамел

Состојки

  • 4 топчести тиквички
  • 0,5 кг мелено месо
  • 1 поголем компир
  • 1 главица кромид
  • 1 рамна лажица зеленчуков сув зачин
  • 1 лажиче чаден пипер
  • 1 лажиче италијански зачини
  • 1/2 лажиче пимент
  • 200 мл готов бешамел
  • 1/3 лажиче лук во прав

Подготовка

1. Издлабете ги тиквичките откако ќе ја засечите дршката. Семките фрлете ги, а месото длабете го колку можете до потекни ѕидови. Месото од тиквичките исечкајте го ситно. Исто и кромидот, а компирот изрендајте го.

2.Во нелеплива тава со масло ставете ги заедно и пржете ги додека омекнат. Додадете го пиперот, па меленото месо и малку покасно зачините. Пржете додека се испржи месото, т.е. испари течноста од него, па додадете го бешамелот. Мешајте и допржете додека се убаво се соедини и добие кремаста густина.

3.Полнете ги тиквичките со филот и затворете ги со отсечената дршка. Ставете ги во намастена тава и полејте во неа 1 чаша вода. Во тавата покрај тиквичките може да ставите и некој прилог кон јадењето, како потенко исечени компири, прокељ и морков.

*Доколку ви остане малку од филот, може да го додадете во тавата или пак да го принесете откако ќе го сервирате јадењето, како додаток на некој погледен :)
Печете на 200С.