Полнети тиквички со мелено месо и ориз во доматен сос
Ова е традиционално македонско јадење кое во оваа форма ретко е застапено на мојата трпеза заради времето кое е потребно за да се приготви. Обично правам мусака од тиквички со мелено месо и со ориз. Но, иако на тиквичката во оваа форма и треба повеќе време за да се испечи, дефинитивно вреди чекањето. Тавата кога ќе ја извадите од рерна ќе ги задоволи сите ваши сетила. Времето за подготовка е околу 30-40 минути, а времето за печење е малку подолго, околу 2 часа, а можда и повеќе, така што ќе треба да започнете порано со ручек. Искористив 4 поголеми тиквиња сечени на 3 дела и 1 модар патлиџан. Можете слободно да направите комбинација од тиквички и модри патлиџани.
Подготовка
Запржете го половина ситно исецканиот кромид со исецканото лукче.
Додадете го меленото месо и испржете го.
Додадете околу 150 мл сок од домати нека поварат некоја минута заедно.
Кога сè ќе запржи, додадете црвен пипер, мешан сув зачин и црн пипер и зачини по желба (јас додавам и оригано). Додадете го оризот и ставете ја тавата на страна.
Тиквичките излупете ги и сечете ги на 3 дела. Отстранете ја внатрешноста на тиквичките и наполнете ги со мешавината на месо и ориз и покријте ги со парчиња свеж домат или оставете ги отворени.
Ставете го полнетите тиквички во тава за печење.
Остатоците од тиквичките ставете ги во нутрибулет заедно со останатата половина кромид и 2-3 чешниња лук, додадете доматен сос и измиксирајте.
Потоа ставете го овој микс во истото тавче каде што го пржевте месото, додадете малку масло и остатокот од доматниот сок и нека зовријат заедно.
Истурете ја оваа мешавина над тиквичките.
Додадете малку масло врз тиквичките и протресете ја тавата така што доматниот сос ќе навлези насекаде.
Се пече во рерна на 250 степени околу 2 часа, се додека не се запечат тиквичките и доматниот сос не се згусни.
Декорирајте со свеж магдонос после печење и сервирајте топло.