5
јан
2021
Ќофтиња со мелено месо и ориз во доматен сос
Подготовка
1. Во сад на тивок оган ставете го маслото и исецканото лукче. Пржите 2-3 минути, па додадете го брашното и промешајте убаво. Овде додадете го доматното пире и почекајте да зоврие, а потоа додадете ја и водата.
2. Во друг сад ставете ги меленото месо, оризот, јајцето, лебните трошки и зачините и промешајте убаво, а потоа формирајте ќофтиња и пуштајте ги едно по едно во зовриеното доматно пире. Додадете зачини по желба. Оставете да се вари на среден оган околу 30 минути.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани