28
ное
2014
Ќофтиња со цимет во доматен сос
Во длабок сад се мешаат состојките за ќофтето, да се соединат и се прават топчиња со иста големина.
На оган се става тава со масло да се загрева на средна температура. Кога маслото е добро загреано се ставаат ќофтињата и се пржат. Се вртат од сите страни за убаво да се испржат.
Кога се готови се вадат од тавата и во истото масло се додаваат 2 супени лажици брашно. Се промешува за да не потемни. Кога брашното е убаво разредено се додава доматното пире и се меша. Се додава сол и cimet и кога сосот ја има саканата густина се трга од оган.
Се послужува во длабок сад, се става прво од доматниот сос, потоа се ставаат ќофтињата и прстофат оригано.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови