1. Прво во сад ги соединуваме сите состојки за тесто. Можеби ќе биде лепливо, но додадете само 1 лажица плус брашно, такво треба да биде.
2. Потоа со набрашнети дланки, го распоредуваме тестото во округла тава на Делимано за пица. Го премачкуваме тестото со доматниот сос, па ги редиме тиквичките. Врз тиквичките ставаме сецкана лута пиперка, па парчиња моцарела, сол, бибер, оригано.
3. Ја ставаме питата на појак оган да се пече, со цел да не пуштат вода тиквината, туку право да се запечат.
Пред да ни е скоро готова питата на кратко ја вадиме од рерна, кршиме 2 јајца ,и запекуваме уште 5-6 минути.

Сервираме топла.
Малку необична пита, но набрзина се подготвува и нам многу ни се допадна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани