Интегрална пита со тиквички, моцарела, доматен сос
Состојки
- тесто
- 170гр интегрално пченично брашно
- 50гр спелтино брашно
- 50гр јачменово брашно
- 200мл вода
- 1,5лажица маслиново масло
- 1/2лажиче пециво
- 1/4лажиче сода бикарбона
- 1/2лажиче лимонов сок
- 1/2лажиче сол
- Доматен сос околу 100-150 гр
- ½ тикица исечена на многу танки листови
- 2 топки моцарела
- 1 лута пиперка
- Оригано Сол и бибер по потреба, По желба и две јајца
Подготовка
1. Прво во сад ги соединуваме сите состојки за тесто. Можеби ќе биде лепливо, но додадете само 1 лажица плус брашно, такво треба да биде.
2. Потоа со набрашнети дланки, го распоредуваме тестото во округла тава на Делимано за пица. Го премачкуваме тестото со доматниот сос, па ги редиме тиквичките. Врз тиквичките ставаме сецкана лута пиперка, па парчиња моцарела, сол, бибер, оригано.
3. Ја ставаме питата на појак оган да се пече, со цел да не пуштат вода тиквината, туку право да се запечат.
Пред да ни е скоро готова питата на кратко ја вадиме од рерна, кршиме 2 јајца ,и запекуваме уште 5-6 минути.
Сервираме топла.
Малку необична пита, но набрзина се подготвува и нам многу ни се допадна.