1. Спанаќот се мие, чисти, бланшира, се цеди и за тоа време да се излади, по што сито да се исецка.
2. Квасецот се става во млакото млеко со шеќерот и да стаса.
3. Во вангла во која месите ставете спанаќот кој ситно сте го исецкале, пармезнот, солта, кајмакот, зејтинот, јајцето и лесно го промешајте, потоа додадете ги двете врсти на брашно, замесете тесто, а ако оцените можете да додадете уште малку брашно. Ставете на половина час д стаса.
4. Сирењто изгмечето го и измесајте со шунката и белката.
5. Расукајте го стасаното тесто ии со чаша или калап вадете кругови во пречник од 10 см. и поставете ги во подмачканите со маргарин отвори за муфинс (модлите на кои има 12 или 6 отвора за муфинс). Секоја вака добиена корпичка наполете ја со филот, премачкајте со жолчката и печете ги на 200 степени околу 30 мин.
Совет - доколку немате спанаќ заменете со блитва- исто така е супер. Можете од овој рецепт да направите и некоја своја сопствена креација, еве нека биде ова како една мала идеја. Рецептот е од пријателка која ужива да создава вакви и слични вкусни изненадувања... Олива или Маслинка.... благодарам што научив нешто повеке!
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани