Полнети крофни со фил од боровница
На почеток го подготвуваме филот.
Боровницата заедно со шеќерот ги ставаме во касерола да се варат петнаесет минути. Во касеролата заедно со боровницата откако малку ќе се згусне додаваме 300мл вода(или млеко). Останатите 200мл ги мешаме со пудингот и постепено кога филот ќе почне да врие постојано мешајќи го додаваме пудингот. Филот го покриваме со целофан и го ставаме да се излади.
Во пластичен сад веќе просеаното брашно му правиме длабнатина. Во неа ги ставаме јајцата, шеќерот, омекнатиот путер, румот, солта ја ставаме по краевите.
Во 100мл млако млеко лажичка шеќер и две лажици брашно ги сипуваме двата квасца мешаме и оставаме да се активираат. Ова постапка може, но и не мора, затоа што користиме сув квасец кој со допир со млакото млеко веднаш се активира. Квасецот го сипуваме на средина и со остатокот од млеко замесуваме средно меко тесто. Тестото треба да ни се одлепува од пластичниот сад, треба да биде меко.
Вака подготвеното тесто го покриваме и го оставаме 45мин. или додека дупло не го зголеми својот волумен.
Откако тестото ни стаса развлекуваме кора на добро набрашнета површина и со чаша формираме крофни. Крофните ги обложуваме на чаршавче и ги оставаме покриени петнаесетина минути да ни стасаат. Пржиме на умерена температура додека не добијат златна боја. Крофните ги обложуваме на хартија за да ја впијат непотребната маснотија. Со шприц за готвење со обичен отвор полниме од филот и секоја крофна ја боцкаме и филуваме во внатрешноста.
Може филот да го подготвите со различно сезонско овошје (јагоди,праски...)одозгора посолувате шеќер во прав или налевате топена чоколада.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани