Подготовка:

1.Доматите расечете ги на половина и издлабете им ја внатрешноста.
2. Внатрешноста од доматите и моцарелата исечкајте ги на коцки и исмешајте ги со ориганото, маслиновото масло, свежиот босилок и презлата.
3. Доматите посолете ги во внатрешноста и наполнете ги со смесата, попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат на 200 степени околу 30 минути, а при крајот додадете на секој домат по едно парче моцарела и печете ги додека не се растопи моцарелата.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани