Испечати

Полнети домати со моцарела

Полнети домати со моцарела

Состојки

  • 150 гр. моцарела
  • 4 домати
  • 70 гр. презла
  • попотреба маслиново масло, оригано, свеж босилок, сол и црн пипер

Подготовка

Подготовка:

1.Доматите расечете ги на половина и издлабете им ја внатрешноста.
2. Внатрешноста од доматите и моцарелата исечкајте ги на коцки и исмешајте ги со ориганото, маслиновото масло, свежиот босилок и презлата.
3. Доматите посолете ги во внатрешноста и наполнете ги со смесата, попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат на 200 степени околу 30 минути, а при крајот додадете на секој домат по едно парче моцарела и печете ги додека не се растопи моцарелата.

На здравје.