6
авг
2014
Полжави од хељдино и бело брашно, со кечап и оригано
Вкусни, меки кифли.
Прво се става млекото малку да се загрее па се додава малку брашно, шеќер и квасецот да втаса.
Со постепено додавање на другите состојки се замесува средно меко тесто, се сучи кора, се премачкува со кечап, се наросува со оригано и се витка како ролат.
Се сечи на парчиња, широки по 1-1,5 цм и се редат во плех.
Со четка се премачкуваат со растопен маргарин.
Киснат 30 минути и се печат.
Лиценца: Сите права се задржани