
Погача со сирење
Водата, млекото, квасецот и шеќерот се остваат да се активираат. Се додава брашното, јајцето, солта и се замесува средно меко тесто, кое се премачкува со масло и се остава да стаса околу половина час. Потоа се премесува и се почнува со сукање на корите. Се зема дел од тестото, се расукува кора на посипана со брашно површина и се става од сирењето или изварката. Се витка како ролат и се сечат парчиња големи 5 цм. Се редат вертикално во тава бр. 28, претходно премачкана со маргарин. Постапката со расукување на корите се повторува додека се потроши тестото. Се премачкува со јајце и со маргарин, се посипува со сусам, и се остава 10 мин. да одмори. Се пече околу 20 минути во загреана рерна на 200 степени. Од вака подготвеното тесто се добиваат две погачи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови