Погача со газоза
Јајцата и шеќерот ги матиме убаво со миксер. Потоа го додаваме зејтинот, и промешуваме малку . Ја додаваме газозата ,и пак промешуваме малку со миксерот.Го додаваме брашното, пецивото и ванилиниот шеќер. Промешуваме добро со бркалка за да нема грутки од брашното и ја истураме смесата во подмачкан плех број 32, не во помал зошто ќе нарасне многу и ако е во помал плех ќе ви треба многу повеќе време за печење. Ја посипуваме одозгора погачата со сусам и ја оставаме да одстои 40 минути. Ја загреваме рерната на 200 степени и печеме околу 1 час, проверувајки повремено со чачкалица. Ја вадиме и чекаме малку да се излади. Погачата е спремна за послужување.
Овој рецепт ни е одамна присутен дома, често го припремаме, а овојпат ја правеше мојата ќерка.
Повелете да се заблажите.
Лиценца: Сите права се задржани
a eden del pak turiv vo kalapce i na maloto komsivce koe bese na gosti, a denes i e rodenden, zaedno so nego improviziravme edno detsko iznenaduvanje isto taka na brzaka hehe
има , има светле за сите има, ајде повелете, многу голем кексот излегува од овој рецепт. ова и ладна газоза 5ка! :)
На мене и моето семејство, доселеници во Германија, многу ни се допаѓа твојот рецепт. На жалост не ја подготвуваме многу често бидејќи тука не се продава Газоза.
Еднаш дури им однесов на колегите од работа да го пробаат овој македонски специјалитет, но не им се допадна. Велат, многу блага била.
Поздрав од Германија и секое добро,
Горан