Погача со газоза
Состојки
- 4 јајца
- 600 грама шеќер
- 300 мл зејтин
- 600 мл газоза сок
- 700 грама брашно
- 1 пециво
- 1 ванила
Подготовка
Јајцата и шеќерот ги матиме убаво со миксер. Потоа го додаваме зејтинот, и промешуваме малку . Ја додаваме газозата ,и пак промешуваме малку со миксерот.Го додаваме брашното, пецивото и ванилиниот шеќер. Промешуваме добро со бркалка за да нема грутки од брашното и ја истураме смесата во подмачкан плех број 32, не во помал зошто ќе нарасне многу и ако е во помал плех ќе ви треба многу повеќе време за печење. Ја посипуваме одозгора погачата со сусам и ја оставаме да одстои 40 минути. Ја загреваме рерната на 200 степени и печеме околу 1 час, проверувајки повремено со чачкалица. Ја вадиме и чекаме малку да се излади. Погачата е спремна за послужување.
Овој рецепт ни е одамна присутен дома, често го припремаме, а овојпат ја правеше мојата ќерка.
Повелете да се заблажите.