Ви доаѓаат гости а вие немате кифлички или леб, еве една брза погача.
Подготовка.
1. Од сите состојки со додавање постепено на млаката вода замесуваме средно меко тесто.
2. Формираме топчиња кои сите ги размесуваме со оклагија во форма на круг.
3. Во округло тавче секој круг го редиме околу краевите на тавчето.Во средина мотаме тесто во вид на полжав.
4. Погачата ја оставаме петнаесетина минути да подстаса додека ни се загрева рерната на 200степени. Пред печење прамачкајте ја со жолчка, малку зејтин и посолетеа со сусам.
Печете додека погачата не добие убава златна боја. Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани