9
фев
2014
Букет погача за појадок
1. Најпрво го зафаќаме квасецот.
2. Во поголем сад го додаваме брашното, маслото, солта, јогуртот, квасецот и вода по потреба
3. Го замесуваме тестото да дојди средно меко и го оставаме да отстои 10 минути.
4. Го делиме на два дела и од секој дел сучиме голема кора ја премачкуваме со маргарин и попрскуваме со сирење. Потоа ја виткаме во ролат и сечиме на парчиња со големина од 3 см и ги редиме исправени во голем плех.
5. Откако ќе ги наредиме сите парчиња ја оставаме погачата да надојди. Откако убаво ќе надојди ја премачкуваме со јајце и попрскуваме со сусам.
6. Се печи во загреана рерна на 180 околу 30-40 мин ( во зависност од рерната)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови