Погача
Подготовка:
1. Во длабок сад ставете го млакото млеко. Додајте го сувиот квасец и шеќерот. Полека ставајте од маслото, а потоа и јајцата. Помешајте полека се, па додавајте го полека брашното, кое го помешавте со солта.
2. Замесете убаво меко тесто и оставете го да нарасне. Откако ќе се дуплира, тестото го вадиме на работната маса и го растегнуваме со сукалка во вид на круг. Путерот го растопуваме, па со четкичка ја премачкуваме цела кора. Сечеме на тријаголници. Секој тријаголник го виткаме во вид на кифличка, па ги сечеме на половина. Со дебелиот крај ги редиме на надвор. Во средината ставаме едно топче од тестото, а потоа редиме мали соленчиња од околу. Наросив со ленено мелено семе, а во средината со афион.
3. Оставив да нарасне, а потоа ставив да се пече. Штом е убавко печена, ја вадам од рерна и оставам да одмори. Го вадам обрачот од калапот каде ја печев погачата. Сервирам со кисело млеко.
Нека ви е на здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови