Пица со тиквички
Оваа пица е по рецепт на една преслатка девојка која е вљубена во италијанската кујна,- Маријана, благодарам за рецептот!
1. Во брашното ставете солта, шекерот, квасецот (доколку е истант-ако користите свеж ке го растворите во јогуртот) и измешајте. Замесете со јогуртот и маслиновото масло меко тесто. Оставете да стаса.
2. Тиквичката се сече на тенки кругови, моцарелата исто така се сече на тенки парчиња.
3. Стасаното тесто расукајте го во тенка кора и ставете во плех обложен со хартија за печење.Кората премачкајте ја со маслиново масло. Распоредете помал дел од моцарелата врз кората а врз него густо наредете ги тиквичките, посипете со босилок, малку сол, врз нив остатокот од моцарелата, посипете со оригано, уште малку сол, пак попрскајте со малку маслинов зејтин, а потоа со мала лажичка распоредете ја киселата павлака.
4. Ставете ја да се пече во предходно загреана рерна на 180 степени околу 20-25 мин, додека не се зацрви одозгора, а потоа .... уживајте во вкусот!
Совет - јас денес ја замесив со нешавина од интегрално р,жано и бело брашно. И додадов наместо босилок - рузмарин и исто така беше вкусно. Доколку немате моцарела- слободно ставете од било кое сирење кое го имате во моментот.
Од оваа количина на тесто се спрема или една голееема пица или две помали-изборот е ваш. Јас секогаш правам по 2-две.
Јас се надевам дека лесно ке го прифатите овој рецепт бидејки е навистина вкусно.
Бон Апетит драги мои!
Лиценца: Сите права се задржани