Варените компири ги сечиме на кругови и ги редиме во намрсен огноотпорен сад.Јајцата се матат со виљушка и во нив се додава млекото.Заедно измешани се тураат врз компирите.Се ставаат во рерна малку да се потпечат додека се формира одозгора кора.Потоа се мачка со кечапот.Над него се додава ренданата салама, па ренданиот кашкавал.На крајот одозгора се става уриганото.Повторно се враќа во рерна додека кашкавалот се стопи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови