23
окт
2015
Пица во тава
Тавата во која се спрема пицата треба да биде нелеплива.
Истата премачкајте ја со масло.
Додајте го брашното, пецивото, шеќерот, солта, маслиновото масло и водата.
Измешајте убаво.
Смесата која ќе ја добиете ќе биде ретка и леплива.
Со влажни раце распоредете го тестото низ целата тава.
Одозгора ставете ја доматната салса и круговите салама.
Затворете убаво со капак и на најтивок оган оставете пицата да се готви.
Тавата треба многу често да ја протресувате за да не загори долниот дел.
Неколку минути при крај додајте ги круговите моцарела и мешавината од суви зачини и повторно поклопете со капакот.
Оставете ја уште малку на оган додека моцарелата се растопи.
Лиценца: Сите права се задржани