Во намрсено плекче бр.30 се стават корите(јуфки) и се стават во загреана рерна на 200 степени да се печат се додека корите не поруменат со повремено мешање. Одкако ке добијат златеста боја се додава сецкана шунка, сирње и печурките. Се промешува и се враќа повторно во рерна 1-2 мин. да се потпечат.
Предходно во длабок сад се загрева 500мл. вода со 1лажица сол и 1лажица масло за јадење.
Потпечените кори се поливат со завриената вода и се враќат повторно во рерна и се печат се додека водата не изврие.
Се служат топли со чаша јогурт.

Лиценца: Сите права се задржани