Пита со смокви и урми
Брз и едноставен десерт, се надевам ќе ви се допадне.
1. Урмите и смоквите измелете ги на машина за мелење месо. Во тенџере на оган ставете ги урмите и смоквите, медот, ванилата и циметот малку да се опуштат. Потоа додадете го млекото и мешајте за да смесата стане компактна. Тргнете на страна па додадете ги оревите и по желба кора од лимон, измешајте убаво и филот е спремен.
2. Се филуваат по 3 кори, во зависност колкави сакате да бидат ролатите излегуваат од 8 до 10 ролати, па затоа и бројот на корите варира. Секоја кора попрскајте ја со малку зејтин и минерална вода, наредете една врз друга 3 кори, ставете ред од филот и завиткајте ролат. Готовите ролати ставете ги во намрсен плех, од горе попрскајте уште еднаш со мешавината од зејтин и минерална вода и ставете да се пече во загреана рерна. Рерната загрејте ја на 220С, а кога ќе ставите да се печат намалете на 180С. Печете додека не заруменат од горе, па извадете да се оладат. Наросете со шеќер во прав и послужете.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Кларич може и само со смокви подеднакво убаво ќе биде .. стави повеќе кора од лимон и вкусот на смоква нема да се осети.
Филот е особено добар па би можел да се искористи и за ролат или обланда само со помалку млеко во тој случај.