Подготовка:
1. Слаткиот компир исечете го потанки кругови.
2. Тавата во која ќе печете премачкајте ја со путер. Почнувајќи од средината наредете го компирот, прекривајќи ја цела тава. Дел од круговите пресечете на половина и наредете ги по страните на тавата.
3. Ставете ја тавата во загреана рерна на 180 степени, 15 минути максимум, малку да се запечат компирите.
4. Празот ситно исечкајте го, потпржете го на малку масло, па додајте го исечканиот спанаќ. Нема потреба спанаќот претходно да го бланширате, за неколку минути ќе омекни. Зачинете со сол и бибер.
5. Во сад ставете ги јајцата и млекото и измешајте. Потоа додајте ја урдата и пак измешајте. Ако урдата не е солена, зачинете по вкус.
6. Спанаќот наредете го врз запечените компири, врз него ставете ја смесата со јаца и најгоре наредете го изренданито кашкавал. Вратете ја тавата во рерната да се допечи, кашкавалот да зарумени.
7. Служете ја топла, малку подоладена, меѓутоа и целосно ладна е убава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови