Најпрво ги спремаме доматите за сушење. Ги сечиме на кругови и ги редиме на плех претходно обложен со хартија за печење. На секое парче ставаме малку масло, сол, шеќер, босилек и лук во прав. Ги ставаме во претходно загреана рерна и ги оставаме 1 час на програмот за сушење или дренирање во рерна-(означен со вентилаторче).

За тоа време го подготвуваме тестото за питата. Го ставаме во сад млекото, го додаваме белото, потоа интегралното, пченкарното и на крај пченкарниот гриз. Додаваме 150 мл масло и едно јајце, посолуваме и го ставаме прашокот за пециво. Ја матиме целата смеса со миксер. Додаваме блитва која може претходно малку да ја обарите, но не мора и по желба може да се додаде 150 грама сирење. Ставете го во обложена тава со хартија за печење, најдобро големина 26. Ги вадиме исушените домати од рерна и ја ставаме питата да се печи. Се пече на температура од 220 степени, после 20 минути на површината распоредете кругови суви домати и вратете ја питата да се пече уште 15 минути. Исечете ја питата на коцки и послужете ја со павлака. Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови