16
сеп
2015
Пита од тиква
Прекрасен есенски десерт од кој вашата кујна ќе мириса волшебно.
Тиквата се сечи на коцки и се става да се вари додека убаво не омекне. Откако убаво ќе омекне се блендира или пасира.
Се делат жолчките од белките. Жолчките се матат со шеќерот и путерот. Откако убаво пенасто ќе се изматат се додава јогуртот, пирето од тиква, ванилата, циметот, брашното и пецивото. Се мати додека не се изендачи смесата. Белките се матат во цврст снег и се додаваат на крај и тие.
Во тркалезно тавче бр 24 се става смесата и во загреана рерна на 180 степени се печи околу 30-35минути. Се остава убаво да се излади пред да се сечи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови