Писанки (декорирање со восок)
Јајцата се варат и се остава да оладат, за да може слободно да се држат во рака. Колку поладни толку подобро. Во зависност од шарата која планирате да ја направите, со молив, јајцето поделете го на еднакви делови (и по должина и по ширина). Не притискајте премногу со моливот, доволна е нежна, бледа линија која ќе ви биде водилка. Восокот се топи во метален, колку што е можно помал сад. Со помош на перцето се нанесува на јајцето и се шара. Значи, намакувате и нанесувате. Доколку немате при рака перце, слободно употребете истрошено метално цевче од пенкало, крфица или шајки со различна големина, па дури и четче за боење.
Бојата (во овој случај жолта боја) се раствора во топла вода, се додава 1 лажица киселина и се остава да олади. Јајцето се потопува и се остава се додека ја добие посакуваната боја.
Напомена, водата не смее да биде жешка зошто восокот ќе се стопи, бојата ќе навлезе во прекриените делови и ќе ја нема онаа чиста бела боја. Значи и по боењето восокот останува на јајцето.
Јајцето се вади и се пребришува со салфетка за да се отстрани вишокот на боја. На вака жолто обоеното јајце, се нанесуваат нови шари. Сега, истото се потопува во предходно подготвена портокалова боја. Доколку сте креативно расположени, повторете ја истата постапка и секој нареден пат користете потемна боја.
Се пали свеќа. Во едната рака го земате јајцето, а во другата држете салфетка. Ставете го јајцето над пламенот и чекајте восокот да се стопи, па со салфетката избришете. Повторете по целата површина, се додека не го отстраните целиот восок. Доколку немате трпение за ова, слободно, загрејте ја рерната, ставете ги на алумин.фолија и оставете ги на некоку минути. Восокот сам ќе се стопи.
Лиценца: Сите права се задржани
I jas kako da nemam "fat" za ovaa tehnika... Treba eden kurs da ni odrzis :)))
Поздрав.