Пилешко во сос од сенф
Го спремаме сосот од сенф.
4 лажици сенф
2 лажици мајонез
неколку капки лимонов сок
пола китче магдонос
црн бибер по вкус.
Се матат мајонезот со сенфот, па се додава лимоновиот сок.
Се сецка магдоносот на ситно, па се додава во сосот. Се зачинува со црн бибер.
Овој сос можете да го користите и со скара и со свинско месо.
За подготовка на пилешкото,потребно ни е јајце и лебни трошки за поховање.
Месото- стекот добро ќе го исечеме.
Јајцето ќе го зачиниме со мешан зачин, а лебните трошки ќе ги помешаме со една лажица пченкарно брашно.
Месото го валкаме во јајцето, па во презлата со пченкарно брашно и го пржиме во врело масло.
Вадиме на хартија да го впие мрсното.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови