10
јун
2012
Пилешко а ла Тања
Кромидот се сецка и се пропржува на масло. Кога ќе омекне се додава пилешкото сечено на тенки ленти и се остава околу 15 минути да добие малку боја. Потоа се додаваат печурките, сенфот и зачините. Се налева вода и се остава да се крчка. Кога пилешкото е готово се додава павлаката, сецканиот магданос и се остава на оган уште 10 минути. Целата содржина се претура во сад за печење и се посипува со рендан кашкавал. Се пече околу 15 мин на 200 степени колку да се растопи кашкавалот и се разбира БОН АПЕТИТ...
Лиценца: Сите права се задржани
јас скроз заборавив тоа да ти кажам. ќе ти зезнев ручек и после цела гладна фамилија ќе ме бодеше на вуду кукли :) :) :) :)