Пилешки џигер со гарнир од пире и брокула
Во тава за пржење се става прво џигерот со малку вода да се динста. Кога ќе испари водата малку измијте го со млака вода во истото тавче, додадете масло и ставете го да се пропржи малку да поцрвене. Потоа додадете ја главицата кромид сецкана на ситно и лукчето. Пропржете ги малку.
Додадете ја павлаката и кашкавалот и оставете да се стопи кашкавалот. Сега додадете го млекото и зачините и оставете се да се соедини околу 5 мин.
Во посебно тенџерче ставете да се вари компирот со морковот. При крај на варењето додадете ја брокулата и доварете.
Откако се ќе се свари извадете ја брокулата, а компирот и морковот направете ги пире.
Сето ова сервирајте го во тањир со прекрасна салата од кисела зелка и една греена ракија.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови