Пилешки стек во сос
1. На масло во тавче се запржува ситно сецканиот кромид. Пилешкиот стек убаво исчистен од жиличките, се сече на коцки. Кога кромидот е омекнат се додава стекот.Штом малку се запржи, веднаш додајте ги печурките. Ако се помали како моите, нека одат цели, ако се поголемки, исецкајте ги. Подзапржете додека не почне да се зацрвенува стекчето.
2. Настрана во друг сад помешајте ги готовите кари сосови во 600 мл вода.
Разматете добро со маталка, па додадете ги во тавчето. Оставете нека покрчка. Пред да вадите, пред да е готово, истурете неутрална павлака. Промешајте и оставете уште 5 минути на тивко.
Не зачинив со никаков зачин,затоа што беа доволно зачинети од кари сосот.
За наш вкус одлично, а вие, пробајте па јавете.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови