Ако ви има останато пилешко месо од претходниот ден, може да го искористите да си подготвите превкусни пилешки крокети. Крцкави однадвор, а меки од внатре, децата ги обожуваат.

Подготовка

Во блендер измиксирајте ги пилешкото месо, сланината, кашкавалот, зденките, зачинете со сол, црн бибер и лук во прав. Оваа смеса ставете ја во фрижидер околу 40 минути или за побрзо, во замрзнувач 10тина минути.
Потоа земајте од смесата, оформете топчиња или други форми како ќофтиња, макнете ги прво во брашно, па во јајце, па во презла.
Пржете во загреано масло од двете страни додека убаво не поруменат. Може и да се печат на хартија за печење, а одозгора малку налејте ги со масло.
Одлично одат со тартар сос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови