13
дек
2019
Пилешка салата со крем сирење
Често пати се случува да остани месо од печено пиле.
За да се искористи, еве го мојот предлог денес.
Со топли кифлички може да биде и солиден оброк.
Зачини, бибер, сол, не користев од причина што веќе пилето си беше зачинето за печењето..
Во нутрибулет го ставаме белото месо и го ситниме.
Во еден сад ги соединуваме месото, мајонезот, крем сирењето, куркумата и буковецот.
Промешуваме и по потреба додаваме јогурт, односно до посакуваната густина
Сервираме и декорираме со буковец и маслинки.
Лиценца: Сите права се задржани