Испечати

Пилешка салата со крем сирење

Пилешка салата со крем сирење

Состојки

  • 200гр остаток од печено пиле
  • 100гр крем сирење
  • 2-3 лажици мајонез
  • 1-2 лажици јогурт
  • 1/4 лажиче куркума
  • 1/4 лажиче буковец
  • маслинки за декорација и буковец

Подготовка

Често пати се случува да остани месо од печено пиле.
За да се искористи, еве го мојот предлог денес.
Со топли кифлички може да биде и солиден оброк.
Зачини, бибер, сол, не користев од причина што веќе пилето си беше зачинето за печењето..

Во нутрибулет го ставаме белото месо и го ситниме.
Во еден сад ги соединуваме месото, мајонезот, крем сирењето, куркумата и буковецот.
Промешуваме и по потреба додаваме јогурт, односно до посакуваната густина
Сервираме и декорираме со буковец и маслинки.