26
ное
2015
Пилешка каша
Подготовка
1. Најпрво ги вариме батаците, јас во експрес лонец, најбрзо ми е. Го двоиме месото од коските и кожата и го цепкаме на ситни парченца.
2. Компирите ги лупиме и ги сечкаме на ситни коцки. Кромидот и морковот ги сечкаме во сечко. Ги ставаме на масло да се пропржат, при крајот на пржењето го додаваме брашното и црвениот пипер.
3. Кратко се запржува сето ова заедно, па се налева вода и ги ставаме и компирите. Кога ќе се сварат компирите, при крајот на варењето го ставаме месото и зачините.
4. Вриеме на тивко додека да се соединат сите состојки.
Забелешка
Ако сакате да ви е погуста кашата или пак сте ставиле повеќе вода, ставете и 2-3 лажици ориз да се сварат и така е вкусна.
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани