Пивтија со димено месо
Свинските нозе убаво измијте ги и заедно со месото исечено на парчиња наредете ги во лонец (јас користев од 6 литри).
Налејте со вода, скоро до врвот на лонецот, покријте со капак и оставете на најтивок оган да се варат.
Варете додека водата изврие некаде до половина.
Извадете го месото и исцепкајте го на ситни парчиња.
Водата во која се варело месото по желба процедете ја.
Лукот истолчете го.
Во плех наредете го месото и посипете го со лукот разреден со малку од водата.
Налејте и од процедената вода.
Оставете во ладна просторија да отстојат преку ноќ.
Оваа пивтија традиционално се спрема за празникот Водици, а мајка ми ја правеше со пресно лебче со сода.
Сега на ист начин и јас си спремам и пивтија и лебче.
Рецепт за лебчето имате овде
Лиценца: Сите права се задржани