
Декоративни мини проички со димено каре
Во сад се истура брашното, печивото и прстофат сол. Се додаваат маслото, млекото и јајцата.
Со миксер се матат сите состојки за добро да се соединат. Потоа се додава ренданото сирење,маслинките и сецканото димено каре (по желба).
Се полнат силиконските калапи во разни форми (но не до врв, треба 1/3 да е празна бидејќи нараснуваат при печење).
Се печат 20 минути во загреана рерна на 200 степени. Се вадат од калапите и се служат топли или ладни.
НА ЗДРАВЈЕ!!!
Лиценца: Сите права се задржани