Испечати

Декоративни мини проички со димено каре

Декоративни мини проички со димено каре

Состојки

  • 3 јајца
  • 2 филџана(200мл)пченарно брашно
  • 1 филџан пченично брашно
  • 1 филџан јогурт
  • 1/2 филџан масло
  • 1 пециво
  • 1лаж. сол
  • 150гр. маслинки
  • 150гр. сирење
  • 150гр. димено каре

Подготовка

Во сад се истура брашното, печивото и прстофат сол. Се додаваат маслото, млекото и јајцата.
Со миксер се матат сите состојки за добро да се соединат. Потоа се додава ренданото сирење,маслинките и сецканото димено каре (по желба).
Се полнат силиконските калапи во разни форми (но не до врв, треба 1/3 да е празна бидејќи нараснуваат при печење).
Се печат 20 минути во загреана рерна на 200 степени. Се вадат од калапите и се служат топли или ладни.
НА ЗДРАВЈЕ!!!