Печено свинско ребро во цело парче
Вкусно, сочно, мераклиски јадење.
Подготовка:
1. Во еден сад ги соединуваме сите состојки за маринадата. Парчето месо убаво го миеме и го бришиме со кујнска хартија. По желба на површината правиме нежни засеци со нож Сега парчето месо убаво го маринираме, односно ја нанесуваме маринадата од двете страни.
2. Го ставаме во голем плех, убаво го завиткуваме со фолија и го оставаме да стои во фрижидер од 12 до 24 часа. Сега е спремно за печење. По желба во плехот редиме зачинети компири околу месото и печиме се заедно. Компирите имаат преубав шмек благодарение на аромата и сокот што ја пушта месото. Налеваме само околу 100 мл вода.
3. Го печиме околу 3,4 часа. Прво на 200 степени околу 30 минути А потоа уште 3 часа на 150 степени. Пред крај ја вадиме фолијата и печиме уште 20 минути на 200 степени Внимаваме месото да не се пресуши, треба да биде меко и сочно.
Сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани