Печено пиле
Овој е начинот на кој мајка ми кога бевме деца ни печеше пиле. Не можевме да се изнајадиме. И денес ми е највкусното спремено печено пиле. Со малку состојки, со малку зачини, а превкусно. Покрај пилето, исто така големо задоволство беше и макањето на мрснотијата од тавата. Оние црни точки што ќе ги приметите на сликата се најслаткиот момент во целото јадење : )
Рецептот го правев по сеќавање, не ја прашав за детали. Можеби и не мора, но јас ја имам таа практика најчесто месото да го подварувам пред печење доколку не го печам во рерната со малку вода, за да е посочно и помеко за јадење.
Значи, најпрво во поголем сад подварете го малку пилето.
Потоа ставете го во тава и убаво од сите страни и внатре и надвор истријте го со зачинот и биберот. Исто и со маргаринот. Ставете насекаде и внатре и надвор во парчиња.
Печете на 250С со повремено вадење од рерна и полевање мрснотијата врз пилето. Кога убаво ќе зацрвени – готово е.
Количеството на маргаринот и зачините можат да варираат спрема потрбите и вкусот.
Лиценца: Сите права се задржани
Da se zabrisam so rakava i da ja gusnam pernicava,ova ke go sonuvam sigurno....