Подготовка:

1. Најпрво се спрема подлогата, така што се мешаат бисквитите и путерот како „жив песок“ и се натапкуваат на дно на калап, со откопчување, бр 24. Се остава во фрижидер додека се спрема чизкејк смесата.

2. Белките се матат во цврст снеги се тргаат на страна. Жолчките се матат до згуснување заедно со шеќерите. Им се додаваат овошниот јогурт, маскарпонето и рикотата и штом се изедначи, на крај се додава и брашното.

3. Смесата се истура врз подлогата и се става да се печи во загреана рерна 160-165С, околу 55 минути.
Откако ќе се изгаси рерната, се остава да седи уште 10на минути во неа.

4. Јаготките се сечкаат на парчиња се полеваат со сокот од лимон и им се додава шеќерот. Се варат околу 5-6 минути на средна температура и се оставаат да се изладат, па се истураат врз печениот чизкејк.
Тортата се остава убаво да олади пред служење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови