Во исхраната се трудан рибата да ја подготвувам колку што можам почесто. Еве еден интересен начин одобрен од моите девојчиња.
Подготовка
На почеток ослиќот го чистиме од перки и ја острануваме кожата. Добро го миеме и оставаме да се исцеди. Секое парче го солиме со црвен пипер, бибер и сол ги редиме во ростер тава со малку зејтин.
Од страните ги ставаме кришките лимон, а врз рибите го ставаме магданосот со лукот кој предходно сме го пресувале во делимано пресата за лук. Со буковецот ги солиме на крај сите парчиња риба и печеме на 200 степени половина час.
Прилог
Младиот компир ги лупиме сечеме на покрупни кришки. Компирот го зачинуваме и му го додаваме сусамот мешаме и го сипуваме во ростер тава со малку зејтин. Печеме на 200степени триесет до четириесет и пет минути.
Сервираме со прилог од компири и салата од зелка и краставички.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани