Перфектен тост леб со гриз
Овој рецепт всушност требаше да биде јубилеен 300ти, ама поради техничките проблеми, процесот на враќање на содржините не е толку брз како што мислев/ме, така да останува да биде мој 174ти рецепт по втор пат ))))
Без разлика кој рецепт по ред е, се радувам на секој споделен исто како првиот пат кога на странава се објави мојот рецепт.
На резултатов од рецептов се израдував како мало дете кога ја видов совршената форма на тост леб ))), уште повеќе кога го пробав лебот.
Подготовка
Сите состојки освен квасецот, ставете ги во длабок сад и со миксер (спирални маталки) или во кујнска машина, изматете 3 минути со најмала брзина за да се спојат состојките. Покријте со крпа и оставете 20 минути да отстои, односно да набабри брашното од гриз. Тестото ќе биде лепливо (слика 1).
Додадете го квасецот и матете со повисока брзина наредни 10-12 минути. При крајот, тестото треба да се одвојува од страните на садот. Што поеластично е тестото, тоа повоздушеста ќе биде средината на лебот. Предиплете го по еднаш од сите страни и ставете во лесно намастен длабок сад (слика 2). Покријте со крпа и оставете на топло да стасува околу 90 минути.
Долгнавеста модла со капацитет од 1,5 литар, намастете ја со путер. Рерната вклучете ја да се загрева на 220 степени.
Тестото ставете го на набрашнета површина, и од него формирајте цилиндрична форма со должина колку модлата во која ќе печите. Исечете го на четири еднакви дела (слика 3). Секој дел ставете го во модлата, и тоа така да пресекот биде свртен кон страничните (долгите) зидови на модлата. Поклопете ја модлата и оставете да стасува 90 минути или додека убаво нарасне и ја наполни модлата со тесто еден прст под работ (слика 4). Ставете да се печи 38-48 минути во зависност од материјалот на модлата. Веднаш штом се испекол, извадете го од модлата и оставете на решетка да се излади.
Забелешка/ Најдобро е да користите модла со капак, или пак да најдете некој соодветен капак со кој ќе можете да ја затворите модлата. Бидејќи тестото во печењето многу нараснува, а ние сакаме да ја задржиме четвртастата форма на тост лебот, врз капакот ставам уште еден потежок капак од леано железо. Во спротивно, лесниот капак од мојата модла, не го задржува тестото да не се крене нагоре, а со тоа и капакот се крева.
Лиценца: Сите права се задржани
како што знаете ни требаше повеќе време за да ги вратиме во редовен тек сите активности и прослави на страната, па ете, ја користиме оваа прилика да ги обновиме на некој начин и јубилеите.
Така, со овој рецепт го прославуваме 300-тиот јубилеј на Албетина, и ѝ подаруваме Нутрибулет. Честитки!
Од овој рецепт натаму ќе се бројат рецептите за нареден јубилеј.
Воедно, ќе ве замолиме сите во лична порака до нас, да ни пишете каков е статусот на вашите јубилеи, за да може да се направи напор што побрзо да се рестартираат. Исто така, во одделни пораки, ќе се договараме за понатамошните дополнувања на вашите профили.
Ви благодариме на сите за вашето трпение и што сте тука со нас во сите случувања, кои и нас не` засегаат како личности. Се надеваме на вашето разбирање дека и ние овде имаме вложено многу време, труд, љубов, а и финансии, и секако дека правиме се` што е можно, дури и невозможно, за да се вратиме на максимум.
Сепак, некогаш треба да застанеме, да бидеме среќни што и волку имаме, а пред се` да бидеме среќни што сме живи, здрави и опкружени со толку инспиративни личности околу нас.
Одиме понатаму, за убави поводи,
тимот на Мои Рецепти
Честитки за јубилејот ти посакувам уште многу да не радуваш со твоите преубави рецепти.
Големо бравос и секоја чест за вредниот тим на Мои рецепти!
Живи, здрави, одиме понатаму :-)
Мои рецепти ви благодарам на љубовта, времето и трудот што ги вложувате во оваа страница која стана дел од нашиот живот и од која многу научивме, и со која што несебично ја делиме заедничката љубов кон готвењето, години наназад!
Ја имате мојата целосна подршка, а се надевам и поддршката на останатите членки за да се надополнат нашите профили, се разбира доколку е тоа возможно. Го почитувам напорот што го вложувате за да ја доведете страницата во нејзината првобитна/последна форма пред техничките проблеми, ама ако тоа не е возможно, не ни останува ништо друго, освен да сме здрави и живи па да создаваме уште повеќе и со поголемо темпо.
Дружбата продолжува понатаму!
Moi recepti vo pravo ste, najvazno e da sme zdravi i zivi, se drugo moze da se nadoknadi. Blagodarnost i od mene za vaseto trpenie, vreme i trud vlozeni vo kreiranje i opstojuvanje na stranava. Ostanuvame vo kontakt, vi stojam na raspolaganje za se sto ke e potrebno da se nadopolni profilot,
Cestitki za jubilejot. Da ni ostanes tuka so preubavite recepti prezentirani sekogas so TOP fotografii.
БРАВО!
кога ќе пораснам сакам да бидам албетина :D