11
ное
2013
Паста со маскарпоне и радикио
Ставете ја пастата да се вари во соелна зовриена вода.
Во тава на оган ставете го маслото и сецканиот кромид.
Пропржете го кромидот, па додајте ја шунката исечена на коцки и исецканото радикио.
Откако убаво ќе омекнат додајте ја сварената паста и малку од водата во која е варена (за да не ви биде леплива пастата).
Додајте го на крај маскарпонето и пармезанот.
Посолете, наросете црн бибер и убаво измешајте.
Лиценца: Сите права се задржани