9
јан
2021
Паста со зеленчук и ореви(посно, без масло)
1. Во зовриена солена вода ставете ја пастата да се вари. (Оставете ја малку недоварена).
2. Во тава на оган ставете ги ренданите, морков, тиквичка и тиква. Додајте од водата во која се вари пастата и на тивко динстајте. При крај додајте го сецканото лукче и убаво истолчените ореви.
Додајте од водата во која се вари пастата. Додајте ја и исцедената паста и заедно промешувајќи оставете да се довари пастата со зеленчукот(околу 2 минути).
Со додавањето на оревите ќе добиете убава кремаста структура.
Сосема на крај додајте го магдоносот.
Измешајте убаво и послужете.
Лиценца: Сите права се задржани