21
јун
2021
Песто паста со зеленчук
Подготовка:
1. Пилешкиот стек го сечеме на коцки и го запржуваме на маслиново масло.
Кога е готово ги додаваме претходно варените макарони, па ги пропржуваме заедно.
Зачинуваме сол и црн бибер. Тргаме на страна.
2. Во друг сад ги сецкаме авокадото и шери патлиџаните, па ги соединувамесо макароните.
Додаваме песто и благо промешуваме. По желба можете да додадете семки од бор.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови