Испечати

Песто паста со зеленчук

Песто паста со зеленчук

Состојки

  • 3 лажици песто сос
  • 1 авокадо
  • 250гр шери патлиџанчиња
  • 3 лажици маслиново масло
  • 250 гр фусили макарони
  • 300 гр пилешки стек

Подготовка

Подготовка:

1. Пилешкиот стек го сечеме на коцки и го запржуваме на маслиново масло.
Кога е готово ги додаваме претходно варените макарони, па ги пропржуваме заедно.
Зачинуваме сол и црн бибер. Тргаме на страна.
2. Во друг сад ги сецкаме авокадото и шери патлиџаните, па ги соединувамесо макароните.
Додаваме песто и благо промешуваме. По желба можете да додадете семки од бор.
Нека ви е слатко.