22
ное
2012
Паста Сицилијана
Маслото го ставаме да се загрее, го додаваме сечканиот кромид да се пржи, по неколку минути ги додаваме и сечканата тиквичка и модар патлиџан. Ги пржиме околу 15 минути и го истураме сосот од домати, ги динстаме уште 5 минути и ги додаваме маслинките, може и лукче по желба, сечканиот магдонос и посолуваме со зачин. Сварените талијанети ги цедиме од водата ги посолуваме им ставаме малку маслиново, ги сервираме во чинија со сосот и ги наросуваме со пармезан. Пријатно јадење!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови