Паста Сицилијана
Состојки
- 250 гр тестенини тајатели
- 1 средна тиквичка
- 1 среден модар патлиџан
- 200 гр зелени маслики
- 2 главици кромид
- 1/2 китка магдонос
- 350 гр доматен сос
- 1 лажичка био зачин
- по потреба маслиново масло (не ладно цедено, бидејќи се пржи)
- по желба пармезан
Подготовка
Маслото го ставаме да се загрее, го додаваме сечканиот кромид да се пржи, по неколку минути ги додаваме и сечканата тиквичка и модар патлиџан. Ги пржиме околу 15 минути и го истураме сосот од домати, ги динстаме уште 5 минути и ги додаваме маслинките, може и лукче по желба, сечканиот магдонос и посолуваме со зачин. Сварените талијанети ги цедиме од водата ги посолуваме им ставаме малку маслиново, ги сервираме во чинија со сосот и ги наросуваме со пармезан. Пријатно јадење!