Панцероти со спанаќ и урда
Секогаш кога замесувам тесто сите состојќи освен брашното ги растварам во длабок сад и додавам 10-15 лажици брашно да добие густина на јогурт и така оставам квасецот да стаса околу 10 минути (а вие како сакате).
Потоа постепено го додавам брашното и месам додека не добијам средно меко тесто. Оставам да стаса 40 минути.
Додека тестото стасува се спрема филот. Спанаќот го чистиме и убаво го миеме. Потоа го сечеме и пржиме на оган. Кога убаво ќе омекне ја додаваме урдата и посолуваме по вкус. Кога убаво ќе се измеша го тргаме од оган да се излади. Стасаното тесто го размесуваме на топчиња. Од секое топче развлекуваме кора со форма на правоаголник и дебелина од околу 1 см. На едната половина нанесуваме од филот и преклопуваме со другата половина. Вака приготвените панцероти ги пставаме во плекче, ги премачкуваме со јајце и наросуваме сусам. Се пече 25 минути на 250 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови