Панцероти
Подготовка:
1.Замесете тесто од брашното, водата, маслиновото масло, квасецот, шеќерот и пиретот од компири, на крај додадете ги солта и матеното јајце.
2. Тестото оставете го да стасува околу 30 мин. Потоа размесете го и оставете го да стасува уште пола час. Од стасаното тесто формирајте топчиња во големина околу 60 гр. и оставете ги да стасуваат на намастена површина околу еден час.
3. Во меѓувреме пригответе го филот. За филот обарете го спанаќот неколку минути во топла вода, исцедете го и размешајте го со урдата.
4. Топчињата од тестото расукајте ги, додајте по една лажица од филот на средината, преклопете ја коричката и затворете ги на краевите. Оставте ги да стасуваат на хартија за печење уште еден час, а потоа пржете ги неколку минути или додека не заруменат во врело масло за пржење. Послужете ги топли.
Лиценца: Сите права се задржани